САД НЕМААТ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ДЕСЕТИЦИ СЛУЧАИ НА НЛО И НЕ ИСКЛУЧУВААТ ВОНЗЕМСКО ПОТЕКЛО

    САД НЕМААТ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ДЕСЕТИЦИ СЛУЧАИ НА НЛО И НЕ ИСКЛУЧУВААТ ВОНЗЕМСКО ПОТЕКЛОАмериканското министерство за одбрана првпат објави снимки од неидентификувани летечки објекти лани во април (Фото: АП)

    Американската влада нема објаснување за десетици неидентификувани летечки објекти видени од воени пилоти. Ова стои во извештајот што го објави Пентагон, во кој се наведени 144 извештаи за овие феномени од 2004 година, од кои сите освен еден остануваат необјаснети.

    Во извештајот не се исклучува можноста дека овие објекти имаат вонземско потекло.

    Конгресот побара извештај откако американската војска пријави бројни случаи на предмети кои непредвидливо се движеле на небото, по што Пентагон во август формираше посебна работна група за да се испитаат овие извештаи.

    „Работата на групата беше да ги детектира, анализира и каталогизира овие настани и да добие увид во природата и потеклото на неидентификувани летечки објекти“, соопшти Пентагон.

    Во извештајот стои дека повеќето од 144 пријавени случаи на неидентификувани воздушни феномени се случиле во изминатите две години.

    „За 143 пријавени случаи нема доволно информации за да се даде специфично објаснување за нив. Нема јасни назнаки за да можат овие летала да се објаснат како вонземски, но и не се исклучува тоа“, стои во извештајот.

    Се додава дека нешто од тоа можат да бидат технологии од земји како Кина и Русија, природни атмосферски феномени или развојни и тајни програми на американски субјекти.

    Американското министерство за одбрана првпат објави снимки од неидентификувани летечки објекти во април 2020.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира