САД ОДОБРИЈА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ МОЖНА РУСКА ИНВАЗИЈА

    САД ОДОБРИЈА ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ МОЖНА РУСКА ИНВАЗИЈАЕнтони Блинкен в петок ќе се сретне со својот руски колега Серге Лавров (Фото: АП)

    Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, пристигна во Европа додека се стравува дека руската инвазија на Украина е само прашање на време. Тој ќе има разговори со претседателот Зеленски во Киев, пред да се сретне со европските сојузници во Берлин и со својот руски колега Сергеј Лавров во Женева в петок.

    Истовремено, администрацијата на Бајден кажа дека ќе обезбеди 200 милиони долари за да се зајакне одбранбената моќ на украинската војска. Помошта била одобрена минатиот месец со цел да ѝ се помогне на Украина да се заштити, но не е познато во што се состои.

    Русија постојано негира дека планира да ја нападне Украина, додека на границата има распоредено 100.000 војници. Американски функционери сметаат дека нападот може да се случи во секој момент.

    „Трупањето на руската војска на границата создаде крајно опасна ситуација. На средбата со Лавров, Блинкен јасно ќе нагласи дека кризата може да се реши со дипломатски средства“, изјави вчера портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

    Русија има испратено низа барања до западните влади, како Украина никогаш да не стане членка на НАТО. На минатонеделните разговори не бил постигнат никаков напредок, а некои барања на Русија од старт беа отфрлени. Русија во меѓувреме почна и заедничка воена вежба со Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира