САД ПО 26 ГОДИНИ ГО ИЗГУБИЈА СТАТУСОТ НА ЗЕМЈА ВО КОЈА СЕ ИСКОРЕНЕТИ МАЛИТЕ СИПАНИЦИ

    САД ПО 26 ГОДИНИ ГО ИЗГУБИЈА СТАТУСОТ НА ЗЕМЈА ВО КОЈА СЕ ИСКОРЕНЕТИ МАЛИТЕ СИПАНИЦИОваа година, во САД се пријавени 10 смртни случаи поврзани со мали сипаници (Фото: АП)

    По 26 години, САД го изгубија статусот на земја која го елиминирала вирусот на мали сипаници, откако во последните две години беа забележани рекорден број заразени и смртни случаи. Панамериканската здравствена организација (ПАХО) утврди дека во САД постои непрекината трансмисија на истиот сој на мали сипаници во период подолг од 12 месеци.

    Оваа година, во земјата се пријавени 10 смртни случаи поврзани со мали сипаници, најголем број уште од 1990-ите.

    Директорот на ПАХО, Жарбас Барбоса, соопшти дека и Мексико и Боливија го изгубиле статусот на земји кои ги елиминирале малите сипаници, припишувајќи ја повторната појава на болеста во регионот на постојаните пропусти во вакцинацијата. Претходно оваа година, на оваа листа се најдоа и Велика Британија, Шпанија, Австрија, Русија, и Азербејџан.

    Вирусот на мали сипаници заразувал милиони деца една година пред да биде измислена вакцината. Екстремно заразниот вирус може да биде фатален, а некои пациенти можат да доживеат долгорочни компликации, вклучувајќи енцефалитис и имунолошка амнезија, што го ресетира имунолошкиот систем, оставајќи му само ограничена способност да одговори на нови инфекции.

    САД препорачуваат две вакцини против сипаници, заушки и рубеола (ММР) за деца на возраст од една до шест години, што е 97% ефикасно во заштитата од болеста.

    Експертите велат дека по пандемијата на ковид-19 луѓето се соочиле со дезинформации за безбедноста на вакцините и им се намалила довербата во системите за јавно здравство. Стапката на вакцинација со ММР низ САД е падната на 92,4%, што е под нивото од 95%, потребно за постигнување колективен имунитет. Оваа година, во земјата се регистрирани 5.400 случаи на мали сипаници, најмногу во една година уште од 1991. Само во Пенсилванија имало над 1.400 случаи на зараза и седум починати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира