САД СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД ИДЕЈАТА ЗА ДЕЛОВНИ ДОГОВОРИ СО РУСИЈА КАКО ПОТТИК ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

САД СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД ИДЕЈАТА ЗА ДЕЛОВНИ ДОГОВОРИ СО РУСИЈА КАКО ПОТТИК ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНАЏаред Кушнер смета дека водењето бизнис е централно за обезбедување мир во Украина (Фото: ДПА)

Администрацијата на Доналд Трамп тивко ги отфрлила предлозите за деловни договори со Русија како поттик да ја заврши војната против Украина, откако Москва покажала мал интерес за предложените енергетски и воздухопловни проекти, објави „Фајненшл тајмс“.

Специјалните пратеници на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, им рекле на европските претставници дека корпоративните договори повеќе не се клучен дел од американскиот пристап кон Русија, се вели во извештајот на „Фајненшл тајмс“, цитирајќи пет лица информирани за промената на тактиката.

Високорангирани руски и американски претставници, меѓу кои и Кушнер, разговарале за вклучување американски инвеститор во гасоводите „Северен тек“, објави „Ројтерс“ во октомври. Цевководите испорачуваа природен гас во Германија пред да бидат дигнати во воздух во септември 2022.

Кушнер, кој смета дека водењето бизнис е централно за обезбедување мир, изнесе повоени идеи, како што се инвестирање на американски компании во руски нафтени проекти и во проекти за производство на титаниум, се вели во извештајот на „ФТ“. Откако првично одговорила позитивно на американските предлози, Русија потоа се повлекла од идејата, инсистирајќи Украина да се откаже од територија и да направи други отстапки, се додава во извештајот.

Во октомври, администрацијата на Трамп привремено ги укина санкциите за руско гориво откако Русија се согласи да извезува дизел на глобалните пазари.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира