САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УНЕСКО ОБВИНУВАЈЌИ ЈА ЗА АНТИИЗРАЕЛСКИ ОДНОС

    САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УНЕСКО ОБВИНУВАЈЌИ ЈА ЗА АНТИИЗРАЕЛСКИ ОДНОССАД досега обезбедуваше една петина од буџетот на УНЕСКО (Фото: Ројтерс)

    САД ќе се повлечат од УНЕСКО, обвинувајќи ја оваа светска културна организација за антиизраелски однос. Одлуката ќе стапи на сила на 31 декември.

    Како што објави Стејт департмент, официјалното членство ќе биде заменето со набљудувачка мисија во Париз.

    „Оваа одлука не беше лесно донесена. Ние сметаме дека има потреба од темелни реформи во организацијата, во којашто се чувствува континуирано антиизраелско расположение. САД ќе останат вклучени во работата на организацијата на поинаков начин“, се вели во соопштението на Стејт департмент.

    УНЕСКО објави дека „ова е загуба за семејството на Обединети нации и за мултилатеризмот“.

    САД досега придонесуваа во работата на УНЕСКО со 80 милиони долари годишно, што е една петина од нејзиниот буџет.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира
    Booking.com

    Коментари