Американската армија соопшти дека верува оти го убиле организаторот на авганистанското крило на Исламска држава со помош на беспилотно летало. Осомничениот член на Исламска држава-Хорасан, локален огранок на групата Исламска држава, бил ликвидиран во областа Нанархар, на истокот на земјата.
Дронот, лансиран од Блиски Исток, го погодил терористот додека бил во кола со уште еден член на Исламска држава, и обајцата загинаа, велат од армијата на САД.
Исламска држава-Хорасан ја понесе одговорноста за нападот на аеродромот во Кабул. во кој загинаа 170 лица, меѓу кои 13 американски војници.
Откако талибанците го зазедоа Кабул минатиот месец, во тек се масовни евакуции и прометен авионски сообраќај на аеродромот. Во изминатите две недели, над 100 илјади лица се евакуирани, а рокот за повлекување на американските воени сили, поставен од претседателот Џо Бајден, истекува на 31 август.
Бајден вети дека ќе им се одмазди на џихадистите кои стојат зад сад самоубиствениот бомбашки напад.
Исламска држава-Хорасан е најекстремната и најнасилна група од сите групи на џихадисти во Авганистан.