САКАМ ЛУЃЕТО ДА МЕ СЛУШААТ КАКО ШТО СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ГО СЛУШААТ КИМ, ВЕЛИ ТРАМП

    САКАМ ЛУЃЕТО ДА МЕ СЛУШААТ КАКО ШТО СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ГО СЛУШААТ КИМ, ВЕЛИ ТРАМПОд средбата во вторникот, Трамп има само пофални зборови за Ким (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека би сакал неговите луѓе да го слушаат како што Севернокорејците го слушаат Ким Џонг-Ун.

    „Тој е лидер на својата земја и тоа многу силен лидер“, кажа Трамп пред Белата куќа во разговорот за шоуто „Фокс енд френдс“.

    Американскиот претседател со месеци водеше жестока вербална војна со Ким, но неговата воинствена и заканувачка реторика се претвори во воодушевеност од него, откако двајцата се сретнаа во Сингапур во вторникот.

    „Кога тој зборува, луѓето го слушаат. Сакам и моите луѓе така да се однесуваат“, кажа Трамп, не прецизирајќи дали под тоа мисли на целиот американски народ.

    Тој подоцна им појасни на новинарите дека само се шегувал.

    „Зарем вие не разбирате сарказам?“

    Во интервјуто за „Фокс“, Трамп повтори дека одлично се сложуваат со Ким.

    „Помеѓу нас има многу добра хемија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира