САЛМАН РУЖДИ ИМА НЕКОЛКУ УБОДНИ РАНИ ПО НАПАДОТ ВО ЊУЈОРК, ГУВЕРНЕРКАТА ПОТВРДИ ДЕКА Е ЖИВ

    САЛМАН РУЖДИ ИМА НЕКОЛКУ УБОДНИ РАНИ ПО НАПАДОТ ВО ЊУЈОРК, ГУВЕРНЕРКАТА ПОТВРДИ ДЕКА Е ЖИВРужди бил нападнат додека одел кон бина за да држи предавање (Фото: АП)

    Гувернерката на Њујорк, Кејти Хочал, изјави дека писателот Салман Ружди е сè уште жив откако беше избоден на предавање во една библиотека во оваа американска сојузна држава.

    Тој ја добива потребната нега откако беше примен во болница“, кажа Хочал на прес-конференција.

    Очевидците изјавија дека напаѓачот носел црна маска, скокнал на бината и почнал да го боде 75-годишниот Ружди. Набргу потоа, 10-15 луѓе се стрчале да му помогнат на Ружди и да го совладаат напаѓачот, кој потоа бил приведен. Ружди, под чие тело имало локва крв, бил евакуиран со хеликоптер и превезен во локална болница.

    Лекарите кажаа дека Ружди има неколку убодни рани, вклучувајќи една на десната страна на вратот.

    Нападот се случи 34 години откако тогашниот врховен водач на Иран, ајатолах Хомеини, издаде фатва или указ, повикувајќи на смрт на Ружди поради неговата книга „Сатански стихови“. Иранската влада одамна се дистанцираше од декретот на Хомеини, но чувствата против Ружди останаа. Во 2012, полуофицијална иранска верска фондација ја зголеми наградата за Ружди од 2,8 на 3,3 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира