САЛВИНИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО ИТАЛИЈА

    САЛВИНИ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВО ИТАЛИЈАКрајнодесничарската партија на италјанскиот заменик-премиер и министер за внатрешни рабаоти Матео Салвини,според анкетите на јавното мислење е во предност ако има нови избори. (Фото: Гардијан)

    Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини, лидер на крајнодесничарската партија Северна лига, побара предвремени избори, а премиерот Џузепе Конте да го извести парламентот дека одржувањето на коалициската влада е невозможно.

    Овa барање е по неколкумесечни спротивставувања со коалицискиот партнер, крајнолевичарското движење „Пет ѕвезди“, откако парламентот го одби барањето на ова движење да се запре проектот за железничката пруга меѓу Италија и Франција.  Според Салвини кој е и министер за внатрешни работи, коалцијата веќе не може да се одржи и тој бара предвремени избори.

    Лидерот на „Пет ѕвезди“ Луиџи Ди Мајо вели дека не се плаши од нови избори.

    Џузепе Конте, непартиски професор по право кого коалицијата го избра за премиер, рече дека Салвини ќе мора барањето за нови избори да ги оправда во парламентот. Само италијанскиот претседател Серџо Матарела може да го распушти парламентот, но тој може нема да сака, оти следниот месец пратениците – кои сега се на одмор – треба да го гласаат буџетот за 2020.

    Партијата на Салвини, според анкетите на јавното мислење е во предност, што главно се темели на неговиот став против нелегалната имиграција. Салвини е активен и на социјалните мрежи, каде разви имиџ на „човек од народот“, кој врши притисок за намалување на даноците.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари