САМИОТ РЕМДЕСИВИР НЕ Е ДОВОЛЕН ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД-19, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИ

    САМИОТ РЕМДЕСИВИР НЕ Е ДОВОЛЕН ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА КОВИД-19, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ НАУЧНИЦИМинатиот месец, администрацијата на Трамп објави дека ремдесивир помага во лекувањето на КОВИД-19 (Фото: Гети)

    Лекувањето само со ремдесивир не е доволно за да им се помогне на тешко болните пациенти со КОВИД-19, се вели во првото големо истражување на ефикасноста на овој лек.

    Податоците објавени во медицинско списание покажуваат дека лекот го скратува текот на болеста од просечни 15 на 11 денови.

    „Првичните резултати од истражувањето сугерираат дека десетдневен третман со ремдесивир бил супериорен во однос на плацебо во лекувањето пациенти со КОВИД-19. Но, не беше лек и не дејствуваше брзо. Ова истражување ја поддржува употребата на ремдесивир кај пациентите со КОВИД-19, особено оние кои имаат потреба од кислородна поддршка. Сепак, имајќи ја предвид високата смртност и покрај користењето на ремдесивир, јасно е дека самиот тој не е доволно ефикасен“, велат истражувачите од Националниот институт за алергии и заразни болести на САД.

    Минатиот месец, федералната влада објави дека ремдесивир помага во лекувањето на КОВИД-19, по што Администрацијата за лекови и храна издаде итно одобрение за негова употреба.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира