САМО ЕДНА ДОЗА ОД КОВИД ВАКЦИНА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА КАЈ СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ, ПОКАЖА ГОЛЕМО БРИТАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

    САМО ЕДНА ДОЗА ОД КОВИД ВАКЦИНА ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА КАЈ СИТЕ ВОЗРАСНИ ГРУПИ, ПОКАЖА ГОЛЕМО БРИТАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕИстражувањето се базираше врз тестовите на 370.000 луѓе и е едно од најголемите досега (Фото: СДК.МК)

    Шансите да се заразите со коронавирус значително се намалуваат по само една доза од вакцината на „Фајзер/Бионтек“ или на „АстраЗенека“, покажа ново големо британско истражување. Двете вакцини добро делуваат и кај лицата над 75 години и кај оние кои имаат хронични заболувања, а истражувањето покажа дека тие предизвикуваат силен имунолошки одговор кај сите возрасти.

    Истражувањето се базираше врз тестовите на 370.000 луѓе во Велика Британија и е едно од најголемите досега.

    Лицата кои примиле една доза од „Фајзер“ или „АстраЗенека“ имаат 65% помали шанси да се заразат со коронавирус. Три недели по вакцинирањето, што се однесува на периодот од декември 2020 до почетокот на април, симптоматските зарази паднале за 74%, а оние без какви било симптоми за 57%.

    Оние кои ја примиле и втората доза на „Фајзер“ имаат 90% помалку шанси да се заразат, а оваа пресметка не можеше да се направи за „АстраЗенека“ зашто премалку луѓе ја примиле втората доза. Студијата покажа и дека двете вакцини се ефективни против британскиот сој на коронавирус.

    „Заштитата што се добива од само една доза ја оправдува одлуката да се зголеми временското растојание меѓу првата и втората вакцина на 12 недели“, изјави Кион Пауелс, виш истражувач на Универзитетот Оксфорд.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира