САМОИЗОЛАЦИЈА НЕ ПОЧИТУВАЛЕ ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД БРИТАНЦИТЕ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ ИЛИ ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ИАКО КАЗНИТЕ СЕ ДО 10.000 ФУНТИ

    САМОИЗОЛАЦИЈА НЕ ПОЧИТУВАЛЕ ТРИ ЧЕТВРТИНИ ОД БРИТАНЦИТЕ КОИ СЕ ПОЗИТИВНИ ИЛИ ИМАЛЕ КОНТАКТ СО ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19, ИАКО КАЗНИТЕ СЕ ДО 10.000 ФУНТИСпоред сознанијата на британските научници, само 18%-25% од граѓаните кои требало да бидат во самоизолација седеле дома, а останатите продолжиле да одат на работа или во продавница и покрај ризикот да заразат други. (Фото: Гети)

    Најголем дел од Британците кои имаат ковид-19 или имале контакт со позитивен не се самоизолираат во целост и покрај зголемениот број случаи во земјата, покажа нов извештај направен од тело составено од научници за потребите на британската влада.

    Според сознанијата на научниците, само 18%-25% од граѓаните кои требало да бидат во самоизолација седеле дома, а останатите продолжиле да одат на работа или во продавница и покрај ризикот да заразат други.

    За потребите на студијата наречена „Корсер“ се собирани податоци секоја недела од март до април, а по сумирањето на резултатите, научниците ја советувале британската влада да ги субвенционира граѓаните со ниски примања кои треба да се самоизолираат, но и оние од средната класа. Владата била советувана и да им помогне при обезбедувањето храна и лекови на овие лица.

    На 20 септември, британската влада воведе грантови од 500 фунти за оние со ниски примања кои треба да се самоизолираат на две недели и казни од 10.000 фунти за оние кои нема да ја почитуваат самоизолацијата.

    Вчера во Британија беа регистрирани 18,864 нови случаи на ковид-19 и 87 починати. Од почетокот на пандемијата, во Британија починаа 42,679 од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира