САРАЕВЧАНКА ВЛЕЗЕ ВО ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 28 ГОДИНИ ОТКАКО КАКО ДЕТЕ ИЗГУБИЛА РАКА ВО ВОЈНАТА ВО БИХ

    САРАЕВЧАНКА ВЛЕЗЕ ВО ГЕРМАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 28 ГОДИНИ ОТКАКО КАКО ДЕТЕ ИЗГУБИЛА РАКА ВО ВОЈНАТА ВО БИХЈасмина Хостерт имала десет години кога дошла во Германија со татко ѝ (Фото: Инстаграм)

    Повеќе од 20 пратеници со балкански корени, најмногу од Турција, ќе има во новиот состав на германскиот парламент, а меѓу нив е и Јасмина Хостерт, која изгубила рака во војната во БиХ. Таа е членка на Социајлдемократската партија (СПД), која победи на федералните избори во Германија во неделата и најверојатно ќе го даде новиот канцелар.

    Хостерт имала само десет години кога дошла во Германија. Таа ја изгубила десната рака во Сараево во 1993, а бидејќи раната ѝ се инфицирала, морале итно да побараат помош надвор од градот, кој во тоа време беше изложен на секојдневни гранатирања. Во Бон стигнала само со татко ѝ и вели дека почетоците им биле многу тешки.

    „Без познавање на јазикот и без какви било контакти, не знаевме како ќе ни тече животот понатаму и дали воопшто ќе останеме во Германија. Беше многу позитивно што брзо почнав да одам на училиште“, вели Хостерт.

    Таа додава дека тоа ѝ помогнало да се интегрира во германското општество, но повеќе од десет години чекала да добие државјанство.

    Хостерт дипломирала политички науки, а пред 12 години се зачленила во СПД и првпат беше кандидатка за пратеничка на изборите во 2017.

    „Моето семејство и натаму живее во Сараево и го посетувам градот најмалку еднаш годишно“, вели Хостерт.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира