САУДИСКА АРАБИЈА ВОВЕДЕ 24-ЧАСОВЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

    САУДИСКА АРАБИЈА ВОВЕДЕ 24-ЧАСОВЕН ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА РАМАЗАН БАЈРАМВерници се молат во Големата џамија во Мека почитувајќи го социјалното дистанцирање (Фото: Ројтерс)

    Саудиска Арабија в сабота ќе воведе 24-часовна општа забрана за движење, што ќе ги опфати деновите на празникот Рамазан Бајрам.

    Во земјата имаше 15.000 случаи на коронавирус пред почетокот на рамазанските пости, но оваа бројка четирикратно се зголеми за период од еден месец и сега изнесува над 62.000, со што таа е ново големо жариште во арапскиот свет. Властите кажаа дека во изминатите седум дена имаше околу 2.400 новозаразени на ден и дека цели семејства се заразиле откако имале групна вечера за ифтар.

    Најдраматичниот пораст на бројот на заразени во регионот го бележи Кувајт. Последните податоци кажуваат дека во земјата има над 17.500 случаи на коронавирус, седум пати повеќе во споредба пред 30 дена.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари