СЕ РАСПУШТИ БАСКИСКАТА СЕПАРАТИСТИЧКА ГРУПА ЕТА

    СЕ РАСПУШТИ БАСКИСКАТА СЕПАРАТИСТИЧКА ГРУПА ЕТАЕТА во октомври 2011 година еднострано прогласи трајно примирје. (Фото: ЕФЕ)

    Баскиската милитантна група ЕТА соопшти дека целосно се распушта во писмо испратено до баскиските институции и граѓански здруженија. Во писмото, датирано на 16 април, но објавено јавно денеска од шпанскиот весник „Ел Диарио“, ЕТА признава дека не успеала да го реши баскискиот политички конфликт.

    ЕТА, чие целосно име е „Еускади та Аскатасуна“, во превод „Басиска татковина и слобода“, е одговорна за смртта на 853 луѓе во оружената кампања за создавање независна баскиска држава во северна Шпанија и јужна Франција.

    Како одговор на писмото, шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Соиди вети дека ќе продолжи да ги истражува нерешените случаи во врска со нападите на ЕТА. Тој кажа дека полицијата ќе продолжи да ги гони терористите, без разлика каде се.

    „ЕТА не доби ништо со ветувањето дека ќе престане да убива и нема да добие ништо со соопштението дека се распушта“, изјави министерот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира