СЕ УРНА АВИОН НА АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ВО ТИХИОТ ОКЕАН, 8 ПАТНИЦИ СЕ НАЈДЕНИ

    СЕ УРНА АВИОН НА АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА ВО ТИХИОТ ОКЕАН, 8 ПАТНИЦИ СЕ НАЈДЕНИСпоред јапонското министерство за одбрана осум од единаесет патници се пронајдени, но сѐ уште не се знае дали се живи. - Авион полетува од носач на авиони (Фото: АП)

    Авион со 11-член екипаж се урна во Тихиот Океан утрово додека патувал кон американскиот носач на авиони „Роналд Реган“, соопшти американската морнарица. Осум од луѓето кои биле во авионот се најдени, им кажа на новинарите јапонскиот министер за одбрана, но не е јасно дали тие се живи. Министерот за одбрана на Јапонија кажа дека нема информација за нивната состојба.

    Седмата флота на морнарицата со сдиште во Јапонија соопшти дека операција за барање и спасување е организирана од носачот на авиони.

    „Спaсување на персоналот е во тек и нивната состојба ќе биде оценета од медицинскиот персонал на носачот ‘Роналд Реган’“, стои во соопштението.

    Авионот се урна во Тихиот Океан на околу 150 километри, или 90 милји, северозападно од Окиноторишима, јапонски ненаселен остров, кажа јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера, според портпаролот на Министерството.

    Морнарицата кажа дека бродот оперирал во Филипинското Море, односно источно од Филипините, кога се случила несреќата во 2.45 часот попладне по јапонско време. Имињата на членовите на екипажот и на патниците не се соопштени. Причината за падот не е веднаш позната, вели морнарицата.

    Авионот требаше да учествува во заедничката американско-јапонска вежба во водите што ја опкружуваат Окинава од 16 до 26 ноември. Американската морнарицата го нарече примарен тренинг настан меѓу двете морнарици, планиран да ја зголеми одбранбената подготвеност и операбилноста во воздух и во вода.

    Седмата флота имаше две фатални несреќи во азиските води годинава, со 17 мртви војници, поради што беа отстранети осум највисоки офицери во Морнарицата од нивните позиции, вклучувајќи го и командантот на седмата флота.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари