СЕ УРНА РУСКИ ТРАНСПОРТЕН ВОЕН АВИОН „ИЉУШИН“, 15 ЗАГИНАТИ

    СЕ УРНА РУСКИ ТРАНСПОРТЕН ВОЕН АВИОН „ИЉУШИН“, 15 ЗАГИНАТИРусија кажа дека причината за падот е пожар на еден од моторите на авионот (Фото: Телеграм)

    Русија потврди дека еден од нејзините воени транспортни авиони „иљушин Ил-76“ се урнал набргу по полетувањето. Во авионот имало седуммина патници и осуммина членови на екипажот. Руските медиуми објавија дека нема преживеани.

    Авионот се урнал близу воздушната база Северни во регионот Иваново, 200 километри североисточно од Москва. Руското министерство за одбрана кажа дека причината за падот е пожар на еден од моторите на авионот.

    На социјалните мрежи се појавија снимки од падот, при што се гледа како еден мотор гори, а потоа и голем облак од чад.

    Русија изгуби еден ваков авион и во јануари, во несреќа во која загинаа десетици украински воени заробеници. Москва тогаш ја обвини Украина дека го погодила авионот со проектил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира