СЕКОЈ ЧЛЕН НА ХАМАС Е МРТОВ ЧОВЕК, КАЖА НЕТАНЈАХУ, ИЗРАЕЛ САКА ДА ГИ УНИШТИ ПОДЗЕМНИТЕ ТУНЕЛИ ВО ГАЗА

    СЕКОЈ ЧЛЕН НА ХАМАС Е МРТОВ ЧОВЕК, КАЖА НЕТАНЈАХУ, ИЗРАЕЛ САКА ДА ГИ УНИШТИ ПОДЗЕМНИТЕ ТУНЕЛИ ВО ГАЗАИзраелската војска се подготвува за копнена офанзива, но владата засега не донела одлука за тоа (Фото: АП)

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е мртов човек, откако го одржа првиот состанок на новата влада, во која е вклучена и опозицијата. Еден од лидерите на опозицијата Бени Ганц кажа дека е време за војна.

    Во исто време, американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор го предупредил Нетанјаху дека Израел мора да дејствува според правилата на војната. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска пристигна во регионот, при што ќе се сретне со лидерите на Израел и Палестина.

    Бројот на загинати од почетокот на нападот на Хамас порасна на 2.400, од кои над 1.200 во Израел и најмалку 1.200 во воздушните напади на Газа. Тие со голема жештина продолжија и ноќеска, при што цел била подземната мрежа на Хамас, кажа израелската војска.

    Откако ја презеде контролата во Газа пред речиси 20 години, Хамас изгради мрежа од тунели кои се протегаат од градот Газа до Кан Јунис и Рафа. Појасот Газа има два слоја, еден за цивилите на површината и друг подземен за Хамас. Нашата цел е да стигнеме до тој втор слој. Тоа не се бункери до кои цивилите имаат пристап кога Израел напаѓа“, изјави портпаролот на војската Џонатан Конрикус.

    Нетанјаху и Ганц вчера го ставија настрана своето политичко ривалство за да формираат заедничка влада, додека Израел се соочува со најголемата безбедносна криза во последните 50 години. Оваа влада ќе обезбеди поширок национален консензус за воената акција.

    Новата влада е обединета и решена да ја избрише оваа работа наречена Хамас од лицето на Земјата“, изјави Ганц.

    Хамас држи околу 150 заложници во Газа, што ја усложнува евентуалната копнена офанзива на Израел, кој има распоредено илјадници војници долж границата. Од израелската војска кажаа дека се подготвуваат за копнена офанзива, но владата засега не донела одлука за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира