СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО БЕЛГИЈА ПРВИ ВО СВЕТОТ ДОБИЈА ПРАВО НА ПЛАТЕНО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО И ПЕНЗИЈА

    СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО БЕЛГИЈА ПРВИ ВО СВЕТОТ ДОБИЈА ПРАВО НА ПЛАТЕНО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО И ПЕНЗИЈАПроституцијата беше декриминализирана во Белгија во 2022 (Фото: Алами)

    Сексуалните работнички во Белгија добија право на боледување, платено пододилно отсуство и пензија според нов закон, кој е прв од таков вид во светот.

    Белгиските пратеници во мај го изгласаа законот со кој сексуалните работнички ги добија истите работнички права како и сите други работници во обид да се спречат злоставување и експлоатација и тој денеска стапи на сила. Проституцијата беше декриминализирана во Белгија во 2022, но сексуалните работнички со тоа не добија никакви права или заштита.

    Според новиот закон, тие имаат право да одбијат муштерија или одредени сексуални дејства и можат да го запрат сексуалниот чин во кое било време и за овие одбивања нема да бидат отпуштени.

    Заштитата не се однесува на работа во домашни услови, стриптиз и порнографија.

    Законот ги регулира и работодавците, кои мора да имаат „добар карактер“ и деловна резиденција во Белгија и да се погрижат нивните простории да бидат опремени со копчиња за паника, чиста постелнина, тушеви и кондоми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира