СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА СТРАНСКИ ТУРИСТИ ПО РЕЧИСИ ПЕТ ГОДИНИ

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЗА СТРАНСКИ ТУРИСТИ ПО РЕЧИСИ ПЕТ ГОДИНИСеверна Кореја почна да ги ублажува рестрикциите дури во средината на минатата година (Фото: Гети)

    Северна Кореја повторно ќе се отвори за странски туристи во декември, речиси пет години откако целосно ги затвори своите граници поради ковид пандемијата. Два туристички оператора од Кина потврдија дека туристите наскоро ќе можат да го посетат планинскиот северен град Самџијон.

    Северна Кореја почна да ги ублажува рестрикциите дури во средината на минатата година. Во почетокот на оваа година, на група руски туристи ѝ беше дозволено да ја посети земјата.

    Засега е потврдено дека ќе може да се посети Самџијон, но веруваме дека ќе се отворат и Пјонгјанг и други места“, објави агенцијата „КТГ“ од Шенјанг.

    Корјо турс“ од Пекинг кажа дека севернокорејските власти ќе дозволат туристите од сите држави да се придружат на овие тури, освен од Јужна Кореја. Сепак, САД им забрануваат на своите граѓани да патуваат во Северна Кореја.

    Северна Кореја многу инвестираше во Самџијон во изминатите години, при што е најавено дека тамошната воена скијачка база ќе се претвори во одморалиште и ќе се изградат нови хотели за туристи. Градот се наоѓа во подножјето на највисоката планина во Северна Кореја, Паекту и е познат по своите зимски атракции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира