СЕВЕРНА КОРЕЈА ТАЈНО ДОБИЛА НАД МИЛИОН БАРЕЛИ НАФТА ОД РУСИЈА ОВАА ГОДИНА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ТАЈНО ДОБИЛА НАД МИЛИОН БАРЕЛИ НАФТА ОД РУСИЈА ОВАА ГОДИНАСевернкорејски танкер во нафтен терминал на рускиот Далечен Исток снимен на 5 ноември (Фото: Планет лабс)

    Русија ја снабдила Северна Кореја со повеќе од еден милион барели нафта од март оваа година, покажа анализата на сателитски снимки. Британскиот министер за одбрана Дејвид Лами вели дека Москва на овој начин ѝ плаќа на Северна Кореја за оружјето и војниците што ги праќа за војната против Украина.

    Ваквите трансфери значат кршење на санкциите на Обединетите нации, со кои се забранува продажба на нафта на Северна Кореја, освен во мали количества.

    Сателитските снимки покажуваат повеќе од десет различни севернокорејски танкери како пристигнуваат во нафтен терминал на рускиот Далечен Исток, што било забележано 43 пати во изминатите осум месеци. Други снимки, направени на море, покажуваат дека танкерите пристигнуваат празни, а се враќаат речиси полни.

    Првиот трансфер бил документиран на 7 март 2024, седум месеци откако првпат се дозна дека Северна Кореја ѝ испраќа оружје на Русија. Последниот танкер пристигнал на 5 ноември, кога речиси 11.000 севернокорејски војници веќе биле присутни во Русија.

    Северна Кореја е единствената држава на светот на која не ѝ е дозволено да купува нафта на отворените пазари. Бројот на барели рафинирана нафта што може да ги прими е ограничен од Обединетите нации на 500.000 годишно, што е многу под количината што ѝ е потребна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира