СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ НОВ ПРОЕКТИЛ СО ДОЛГ ДОМЕТ СРЕДЕ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ЗЕМЈАТА

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАШЕ НОВ ПРОЕКТИЛ СО ДОЛГ ДОМЕТ СРЕДЕ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ВО ЗЕМЈАТАПроектилот е способен да погоди голем дел од Јапонија (Фото: КЦНА)

    Северна Кореја тестираше нов проектил со долг домет способен да погоди голем дел од Јапонија, објавија државните медиуми. Според агенцијата КЦНА, проектилите летале до 1.500 километри.

    Северна Кореја го изведе тестот додека не крие дека се наоѓа среде економска криза, проследена со недостиг од храна.

    Американската војска објави дека последните тестирања претставуваат закана за соседните земји, додека Јапонија кажа дека ова е загрижувачки.

    „Овие проектили се стратешко оружје од големо значење. Тестовите се спроведени во саботата и неделата и проектилите ги погодија своите цели, пред да паднат во територијалните води на Северна Кореја“, објави КЦНА.

    Аналитичарите сметаат дека ова е првиот севернокорејски проектил со долг домет кој би можел да носи нуклеарна глава.

    Северна Кореја минатата недела одржа воена парада за 73. роденден на државата, но тогаш не покажа нови балистички проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира