СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА СЀ УШТЕ НЕМА НИЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

    СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА СЀ УШТЕ НЕМА НИЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУССеверна Кореја вели дека досега направила над 23.000 тестирања и сите биле негативни (Фото: АП)

    Северна Кореја и натаму тврди дека има совршен успех во чувањето од коронавирусот, како што навела во нов извештај на Светската здравствена организација. СЗО кажа дека Пјонгјанг ја известил дека до 1 април направил 23.121 тестирање за коронавирус и сите биле негативни.

    Експертите веруваат дека е малку можно дека Северна Кореја целосно се спасила од пандемијата, имајќи ги предвид слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина, нејзиниот најголем економски сојузник.

    За време на пандемијата, Северна Кореја значително го ограничи прометот преку границата, забрани влез за туристи и стави илјадници луѓе во карантин кои покажувале симптоми.

    Северна Кореја оваа недела стана прва земја која го откажа настапот на Олимписките игри во Токио поради грижите околу коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира