СЕВЕРНОКОРЕЈСКА РАКЕТА ЛАНСИРАНА ВО АПРИЛ ПО ГРЕШКА ПАДНАЛА ВО ГРАД БЛИЗУ ПЈОНГЈАНГ

    СЕВЕРНОКОРЕЈСКА РАКЕТА ЛАНСИРАНА ВО АПРИЛ ПО ГРЕШКА ПАДНАЛА ВО ГРАД БЛИЗУ ПЈОНГЈАНГПјонгјанг имал три неуспешни тестирања во април минатата година (Фото: Ројтерс)

    Проектил со среден домет, што Северна Кореја го лансирала во април, паднал во град во близина на Пјонгјанг, веројатно, предизвикувајќи експлозии и жртви, објави онлајн магазинот „Дипломат“.

    Тој бил испукан на 28 април минатата година од воздушната база Пукчанг во јужната провинција Пјонган и бил третото неуспешно лансирање тој месец.

    „Проектилот ИРБМ паднал во градот Токчун, една минута по полетувањето, и во експлозијата била предизвикана значителна штета на комплексот индустриски или земјоделски објекти“, објави сајтот, повикувајќи се на добро упатен извор од американската влада.

    Северна Кореја изврши успешен тест на проектил ИРБМ на 14 мај, користејќи локација за негова експлозија.

    Пјонгјанг го вознемири светот кога во август и септември тестираше проектили кои ја прелетаа територијата на Јапонија, пред да паднат во Тихи Океан.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира