ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ПРОТЕСТИ ДЕНЕСКА ВО СОЛУН, ТОЈ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ТРГНА ОД ИКЕА

    ШЕСТ РАЗЛИЧНИ ПРОТЕСТИ ДЕНЕСКА ВО СОЛУН, ТОЈ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ТРГНА ОД ИКЕАВо Солун денеска беа распоредени 4.000 полицајци поради протестите и при судирите со помал број демонстрани беше употребен солзавец. (Фото: Ворија)

    Шест протести се одржаа денеска во Солун, меѓу нив еден и против Договорот од Преспа за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Протестите се поклопија со отворањето на Меѓународниот трговски саем во Солун, на кое што присуствуваше грчкиот премиер Алексис Ципрас, а главен гостин беше американскиот министер за трговија Вилбур Рос, кој дојде со голема делегација американски бизнисмени.

    Покрај протестот против договорот со Македонија, денеска во Солун протестираа неколку синдикати, вработените во локалната самоуправа, анархисти, студенти и помали вонпарламентарни партии.

    До судири со полицијата дојде околу 19 часот, кога околу 100-тина луѓе се одвоија од толпата што протестираше и почна да го напаѓа градското собрание, скандирајќи слогани против премиерот Ципрас и солунскиот градоначалник Јанис Бутарис. Полицијата реагираше со солзавец, а има полесно повредени и приведени.

    Збирно место за протестот против Договорот од Преспа беше продавницата на ИКЕА во источниот дел на Солун, од каде што се упатија кон центарот на градот. Се извикуваа слогани како „Спасете ја нашата Македонија“ и го нарекуваа премиерот Ципрас предавник, затоа што го дал името Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира