ШОЛЦ ПРЕДЛАГА УКИНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ВЕТО ЗА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ И ПОСТЕПЕНО ПРЕМИНУВАЊЕ КОН МНОЗИНСКО ГЛАСАЊЕ ВО ЕУ

    ШОЛЦ ПРЕДЛАГА УКИНУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ВЕТО ЗА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ И ПОСТЕПЕНО ПРЕМИНУВАЊЕ КОН МНОЗИНСКО ГЛАСАЊЕ ВО ЕУГерманскиот канцелар Олаф Шолц вели дека се зголемува ризикот една земја со вето да ги спречува другите земји да напредуваат. (Фото: СДК.МК)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц вели дека е посветен на проширувањето на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан, како и со Украина, Молдавија, па и Грузија, со што центарот на Европа би се придвижил на исток.

    „Проширувањето на ЕУ е во наш интерес“, кажа Шолц во говор на универзитет во Прага.

    Но, вели тој, во таква проширена унија, разликите меѓу земјите членки ќе растат и ќе бидат доведени во прашање политичките интереси, економска моќ и системите за социјална сигурност. Затоа, тој бара укинување на едногласното носење одлуки, т.е. правото на вето на земјите членки.

    „Каде што едногласноста е задолжителна денес, ризикот за поединечна земја да го користи ветото спречувајќи ги другите да напредуваат се зголемува со секоја дополнителна земја. Затоа предложив постепена транзиција кон мнозинско гласање за заедничката надворешна политика, но и во други области, како даночната политика, свесно знаејќи дека ова може да има последици и за Германија“, кажа Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира