ШПАНИЈА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ПЛАЖИТЕ КОН КРАЈОТ НА ЈУНИ

    ШПАНИЈА ЌЕ ГИ ОТВОРИ ПЛАЖИТЕ КОН КРАЈОТ НА ЈУНИОлеснувањата ќе почнат од четирите острови по 11 мај - Плажа на островот Ибица (Фото: СДК.МК)

    Шпанија го објави планот од четири фази за постепено олеснување на карантинот и враќање во нова нормалност до крајот на јуни. Премиерот Педро Санчес изјави дека секој регион ќе ги олеснува рестрикциите со различно темпо, во зависност од сериозноста на ширењето на коронавирусот.

    Четирите шпански острови први ќе ги олеснат мерките од 4 мај, а остатокот од земјата ќе почне една недела подоцна.

    Во Шпанија досега има над 232.000 заразени и 27.359 починати од КОВИД-19, со што таа е една од најпогодените држави на светот. Таа воведе карантин уште на 14 март, при што на децата воопшто не им беше дозволено да излегуваат надвор шест недели.

    Земјата веќе го направи првиот чекор на 13 април, кога повторно ги отвори фабриките, градилиштата и некои други услуги, а Санчес сега претстави план за целосна деескалација, кој ќе има четири фази и секоја од нив ќе трае околу две недели.

    „До крајот на јуни, земјата ќе влезе во нова нормалност, ако епидемијата биде ставена под контрола“, изјави Санчес.

    Дел од училиштата ќе се отворат на крајот на мај, но повеќето ќе останат затворени до септември. Рестораните ќе почнат со работа од средина на мај, но само на отворено, а плажите повторно ќе се отворат на крајот на јуни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира