ШПАНИЈА ПО ШЕСТ НЕДЕЛИ СТРОГ КАРАНТИН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ НАДВОР

    ШПАНИЈА ПО ШЕСТ НЕДЕЛИ СТРОГ КАРАНТИН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ НА ДЕЦАТА ДА ИЗЛЕЗАТ НАДВОРСтрогата мерка ќе биде олеснета на 27 април (Фото: Ројтерс)

    Децата во Шпанија седат дома од 14 март поради строгите мерки против ширењето на коронавирусот и премиерот Педро Санчес планира да го олесни ова правило на 27 април, за да им се овозможи да „излезат на свеж воздух“.

    Градоначалничката на Барселона Ада Колау, која и самата има мали деца, оваа недела ја повика владата да ги ослободи децата и да им дозволи да излезат надвор.

    „Шпанија ги остави зад себе најекстремните моменти и го потисна бруталниот напад на пандемијата“, кажа Санчес во телевизиско обраќање.

    Тој ќе побара од парламентот да ја продолжи вонредната состојба до 9 мај затоа што „она што досега е постигнато е недоволно и лесно кршливо и би можело да биде загрозено од непромислени одлуки“.

    Осум милиони деца во Шпанија пет недели седат дома, додека Данска веќе отвори некои училишта, а истото го најавуваат и други европски држави.

    Шпанија вчера ја надмина бројката од 20.000 починати од КОВИД-19.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира