ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 11 ТОНИ КОКАИН НА АЛБАНСКАТА МАФИЈА

    ШПАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ 11 ТОНИ КОКАИН НА АЛБАНСКАТА МАФИЈАДрогата пристигнала од Колумбија преку Еквадор и била откриена во пристаништата во Виго и Валенсија (Фото: Гети)

    Единаесет тони кокаин увезени од албанските криминални организации се запленети во Шпанија во две операции, објави шпанската полиција, истакнувајќи ја важноста на балканските мафии во шверцот на дрога.

    За една недела успеавме да отстраниме 11 тони кокаин од пазарот“, изјави Антонио Мартинес Дуарте, шефот на централната бригада на одделот за дроги и организиран криминал во шпанската полиција.

    Дрогата пристигнала од Колумбија преку Еквадор и била откриена во контејнери во пристаништата во Виго и Валенсија. Во првата операција во Виго биле запленети 7,5 тони кокаин скриен во смрзнати филети туна, а уште 3,4 тони биле пронајдени во Валенсија, во двојното дно на бродски контејнери.

    Во двете операции, спроведени на крајот на ноември и во почетокот на декември, се уапсени 21 лице, од кои мнозинството се албански државјани. Меѓу уапсените е и шпански бизнисмен, кој го користел својот бизнис со увоз на риба за да организира превоз на дрога.

    Двете операции немаат ништо една со друга. Единственото нешто што ги поврзува е што зад нив стојат организации од албанско потекло. Албанските мафии веќе некое време имаат монопол врз транспортот на дрога, не само во Европа, туку и во Јужна Америка“, додаде Дуарте.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира