Шпанскиот премиер Маријано Рахој објави дека го распушта каталонскиот парламент и дека ќе свика локални парламентарни избори, откако регионот денеска прогласи независност.
Тој, истовремено, ги отпушти каталонскиот претседател Карлес Пуигдемонт и неговиот кабинет.
„Преседанот да ја преземеме власта во Каталонија е неопходен за да се поврати стабилизација во регионот. Ветуваме слободни, чисти и законски избори. Ова е тажна ситуација, до која не сакавме да дојде“, изјави Рахој.
Тој ја доби оваа можност откако шпанскиот Сенат го прифати предлогот за активирање на членот 155 од уставот, со што Мадрид доби право да ја преземе контролата врз регионалните институции.
Сенатот ја донесе одлуката само еден час откако парламентот во Барселона прогласи независност на Каталонија, повикувајќи се на резултатите од референдумот одржан на 1 октомври.