ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАХОЈ СМЕНЕТ ПОРАДИ СТАР КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА НЕГОВАТА ПАРТИЈА

    ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР РАХОЈ СМЕНЕТ ПОРАДИ СТАР КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ НА НЕГОВАТА ПАРТИЈАМаријано Рахој е првиот премиер во модерната историја на Шпанија на кој му била изгласана недоверба во парламентот (Фото: ЕПА)

    Шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој одговори со жестоки мерки на референдумот за независност на Каталонија, е сменет од функцијата поради вмешаност на неговата партија во голем корупциски скандал.

    Шпанскиот парламент му изгласа недоверба на Рахој, а нов премиер ќе биде лидерот на социјалистите, Педро Санчес.

    „Рахој не успеа да преземе одговорност за криминалот на неговата партија. Ќе испишеме нова страница во историјата на демократијата на Шпанија“, изјави Санчес, кој се избори за 180 гласови во парламентот, откако доби поддршка од неколку помали партии.

    Рахој, кој беше на власт од 2011 година, е првиот премиер во модерната историја на Шпанија кој е сменет на ваков начин.

    Тој падна откако минатата недела повторно се отвори скандалот со таен фонд на неговата партија, што функционирал од 1999 до 2005 година. Еден од благајниците на партијата, Луис Барсенас, претходно беше осуден на 33 години затвор за примање мито, перење пари и за даночно затајување.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари