ШТРАЈК НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ОТКАЖАНИ ПОВЕЌЕ ОД 2.300 ЛЕТОВИ

    ШТРАЈК НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ОТКАЖАНИ ПОВЕЌЕ ОД 2.300 ЛЕТОВИВработените на аеродромите бараат покачување на платите за 10,5% (Фото: ДПА)

    Седум големи аеродроми во Германија се во застој откако стотици вработени стапија во штрајк поради спорот за плати. Откажани се повеќе од 2.300 летови на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Штутгарт, Бремен, Хамбург, Хановер и Дортмунд, што погоди 300.000 патници.

    Синдикатот Верди и Здружението за цивилна служба бараат покачување на платите на работниците за 10,5%.

    Од аеродромот во Лајпциг утрово полетаа неколку меѓународни авиони, но се откажани сите домашни.

    Штрајкот се совпадна со почетокот на Безбедносната конференција во Минхен, на која доаѓаат светски лидери и одбранбени експерти, па многумина делегати беа посоветувани да дојдат со воз.

    Претставниците на здруженијата на мали и средни бизниси го осудија штрајкот како неприфатлив и ги обвинија синдикатите дека целата држава ја држат во заложништво за свои интереси. Барањата на работниците на аеродромите досега беа одбиени.

    „Следните штрајкови ќе имаат поинаква димензија. Ако работодавците не ни дадат добра понуда следната недела, ова ќе биде само почеток“, изјави лидерот на Верди, Франк Вернеке.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира