ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПОКРИВАЊЕ НА ЛИЦЕТО ВО ЈАВНОСТ ПО УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМ

    ШВАЈЦАРИЈА ЌЕ ЗАБРАНИ ПОКРИВАЊЕ НА ЛИЦЕТО ВО ЈАВНОСТ ПО УСПЕШНИОТ РЕФЕРЕНДУМКампањата на десничарската партија СВП која го предложи рефреендумот беше со слоганот „Стоп за екстремизмот“. (Фото: ЕПА)

    Швајцарија на референдум одлучи да се забрани покривање на лицето во јавност, вклучувајќи ги бурките и никабот, кои ги носат муслиманките. Официјалните резултати покажаа дека за мерката гласале 51,2 отсто од гласачите, а против бил 48,8 отсто, што е доволно забраната да биде впишана во швајцарскиот устав.

    Предлогот за референдум беше на десничарската партија СВП, чија што кампања беше со слоганот „Стоп за екстремизмот“.
    Според истражувањето на Универзитетот Луцерн, речиси никој во Швајцарија не носи бурка, а околу 30 отсто од муслиманките носат никаб. Околу 5 отсто 8,6-те милиони жители на Швајцарија се муслимани, а најголем дел од нив се со потекло од Турција, Босна и Косово.

    Претходно вакви забрани воведоа Франција, Белгија и Австрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира