ШВЕДСКА ГИ ОЛЕСНУВА РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА ЗА ДА МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ ПОНОРМАЛНО

    ШВЕДСКА ГИ ОЛЕСНУВА РЕСТРИКЦИИТЕ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА ЗА ДА МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ ПОНОРМАЛНОШведска останува доследна на својот модел да нема затворања во јавниот живот (Фото: АП)

    Шведска ќе ги олесни рестрикциите кои важеа за старите лица, иако во земјата, како и во остатокот од Европа, се зголемува бројот на заразени со коронавирус.

    „Сакаме и луѓето над 70 години да живеат понормален живот откако со месеци им беше кажувано да избегнуваат социјални контакти и да пазаруваат преку интернет. Сакаме да им испратиме порака дека веќе не мора да бидат целосно изолирани, но да бидат претпазливи“, изјави инфектологот Андерс Тегнел, архитектот на контроверзниот шведски модел кој не се базираше на воведување карантин.

    Ова следува иако официјалните бројки покажуваат дека 70% од смртните случаи од ковид-19 во Шведска се случиле во старечките домови. Тегнел негира дека земјата ги жртвуваше своите стари жители за да остане отворена.

    „И кај нас има пораст на бројот на нови случаи на коронавирус, но тој е помалку драматичен во споредба со остатокот од Европа, додека бројот на смртните случаи стагнира“, вели Тегнел.

    Тој додава дека луѓето во Шведска го смениле однесувањето без да се воведе карантин.

    „Многу нешта се сменија во Шведска. Рестораните работат на поинаков начин, повеќе луѓе работат од дома и помалку се патува. Епидемијата во Шведска беше поразлична отколку во соседните земји“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира