ШВЕДСКА И ДАНСКА РАЗВИВААТ ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЗА ДА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ПАТУВА

    ШВЕДСКА И ДАНСКА РАЗВИВААТ ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ЗА ДА МОЖЕ СЛОБОДНО ДА СЕ ПАТУВАОсвен за патувања, овие сертификати би можеле да важат и за спортски и културни настани (Фото: Ројтерс)

    Шведска објави дека ќе почне да развива дигитални сертификати за вакцинирање кои би се користеле за патувања и разни настани, откако сличен потег најави и Данска.

    Двете скандинавски земји кажаа дека овие сертификати ќе им овозможат на нивните граѓани да патуваат во странство, но и да присуствуваат на културни и спортски настани.

    „Со ваков дигитален сертификат лесно и брзо ќе може да се докаже дека некој е вакциниран“, изјави шведскиот министер за дигитален развој Андерс Игеман.

    Шведската влада се надева дека до јуни ќе има инфраструктура за издавање вакви сертификати.

    Данска, која најави ваква програма само ден порано, кажа дека во прв момент, можеби уште овој месец, ќе воспостави онлајн регистар, преку кој ќе може да се провери нечиј статус на вакцинирање. Данската влада сѐ уште не решила дали „корона пасоши“ би важеле само за патувања, што ќе зависи од истражувањата дали вакцинирани луѓе можат и натаму да го пренесуваат вирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира