ШВЕДСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА РУСИ ИМ ГИ КРАДАТ КАМЕРИТЕ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ЗА ДА ГИ КОРИСТАТ ВО ДРОНОВИ НАД УКРАИНА

    ШВЕДСКА СЕ СОМНЕВА ДЕКА РУСИ ИМ ГИ КРАДАТ КАМЕРИТЕ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ ЗА ДА ГИ КОРИСТАТ ВО ДРОНОВИ НАД УКРАИНАКамера за брзо возење во Шведска; Украински војник со соборен руски дрон. (Фото: Шведска полиција/ Украинско Министерство за одбрана)

    Камерите за брзо возење продолжуваат да исчезнуваат низ Шведска, од неодамна и на автопатот меѓу Хофорс и Фалун. Украдените камери се од истиот тип што се користи од Русите за дронови во војната против Украина.

    Најмалку три камери се украдени на автопатот меѓу Хофорс и Фалун во средата, според информациите на шведскиот весник „Афтонбладет“. Уште две се украдени во Хедемора.

    Станува збор за Канон ДСЛР камери, од истиот модел какви што беа најдени во руските дронови Орлан-10 соборени од Украина. Шведската служба за безбедност (САПО) вели дека е свесна за информациите што циркулираат за врската меѓу кражбите на шведските патишта и руските дронови, но не може да коментира за разузнавачки работи.

    „Не смееме да навлегуваме во детали за нашата разузнавачка работа“, вели Фредрик Хултрен-Фриберг, портпарол на САПО.

    Вкупно 100 камери ширум Шведска се украдени во последните неколку месеци, според Шведската транспортна администрација. На 27 август, 11 камери за брзо возење исчезнаа на патот меѓу Тиерп и Харгсхам. Три дена подоцна, „Афтонбладет“ објави дека речиси 50 камери за брзо возење се украдени во и околу Стокхолм. Во септември, кражбите продолжија, посебно во Упланд, каде што исчезнаа дополнителни камери.

    Според украинското Министерство за одбрана, дроновите Орлан-10 се релативно едноставни и аматерски изработени, но се успешни во улогата што ја имаат за лоцирање на украинските одбранбени позиции. Исто така, тие се користат за пронаоѓање цели за руската артилерија.

    Од Шведската транспортна администрација велат дека без разлика да се користат од Русите или не, замената на украдените камери е скапа. Една од нив чини околу 22 илјади евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира