СИДНЕЈ ИЗЛЕЗЕ ОД КАРАНТИН ПО 107 ДЕНА, ПАБОВИТЕ СЕ НАПОЛНИЈА ВЕДНАШ ПО ПОЛНОЌ

    СИДНЕЈ ИЗЛЕЗЕ ОД КАРАНТИН ПО 107 ДЕНА, ПАБОВИТЕ СЕ НАПОЛНИЈА ВЕДНАШ ПО ПОЛНОЌНајголем дел од рестрикциите сега се олеснети за целосно вакцинираните сиднејци (Фото: АП)

    Сиднеј излезе од карантин по речиси четири месеци, што им овозможи на локалните жители повторно да уживаат во слободата. Тоа создаде редици пред пабови, продавници и фризерски салони, кои специјално за оваа пригода се отворија на полноќ, додека други едвај дочекаа повторно да се видат со роднини и пријатели.

    Досегашните правила забрануваа домашни посети и патувања подалеу од пет километри од дома, што раздели бројни семејства. Најголем дел од рестрикциите сега се олеснети за целосно вакцинираните сиднејци.

    Најголемиот град во Австралија излезе од карантин по цели 107 дена откако сојузната држава Нов Јужен Велс ја постигна целта од 70% целосно вакцинирано население постаро од 16 години. Рестрикциите дополнително ќе бидат олеснети кога 80% од жителите над 16 години ќе бидат вакцинирани со двете дози, односно 90% со првата доза.

    „Ова беа тешки 100 дена. Но, луѓето се вакцинираа во голем број и овозможија овој ден да дојде“, изјави премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет.

    Карантинот во Сиднеј беше воведен во јуни, кога ширењето на делта сојот излезе од контрола, што резултираше со 50.000 заразени и 439 починати досега. Делта сојот потоа се прошири и во други делови од земјата. Главниот град Канбера треба да излезе од карантин в петок, а Мелбурн дури на крајот на месецот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира