Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди популарниот туристички остров Закинтос и можеше да се почувствува низ цела западна Грција.
Според извештаите, нема повредени, но земјотресот предизвикал штети на локалното пристаниште и на манастирот од 13. век. Властите ги затворија училиштата, откако уследи серија помали земјотреси.
Епицентар на земјотресот бил 34 километри југозападно од Закинтос во Јонското Море и бил почувствуван и во западна Италија, Албанија, Либија и во Атина, јавуваат грчките медиуми.
Во 1953 година, Закинтос беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер, кој уништил поголемиот дел од објектите на островот.