СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ЗАКИНТОС, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОГОДИ ЗАКИНТОС, НЕМА ПОВРЕДЕНИЗемјотресот го оштетил пристаништето во Закинтос и бил почувствуван и во западна Италија, Албанија, Либија и во Атина (Фото: АП)

    Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди популарниот туристички остров Закинтос и можеше да се почувствува низ цела западна Грција.

    Според извештаите, нема повредени, но земјотресот предизвикал штети на локалното пристаниште и на манастирот од 13. век. Властите ги затворија училиштата, откако уследи серија помали земјотреси.

    Епицентар на земјотресот бил 34 километри југозападно од Закинтос во Јонското Море и бил почувствуван и во западна Италија, Албанија, Либија и во Атина, јавуваат грчките медиуми.

    Во 1953 година, Закинтос беше погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер, кој уништил поголемиот дел од објектите на островот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари