СИТЕ ДРЖАВИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВААТ НОВО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ СЗО ПО ПОЈАВАТА НА ОМИКРОН

    СИТЕ ДРЖАВИ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВААТ НОВО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ, ВЕЛИ СЗО ПО ПОЈАВАТА НА ОМИКРОНСЗО вели дека земјите би требало да го менуваат својот досегашен пристап кон пандемијата (Фото: Гети)

    Сите држави треба да се подготват за ново големо ширење на коронавирусот, предупреди Светската здравствена организација, додека сѐ повеќе земји ги пријавуваат првите случаи на зараза со новиот сој омикрон.

    „Географската распределба на омикрон е поширока од она што моментално е пријавено“, изјави регионалниот директор на СЗО за западен Пацифик, Такеши Касаи, додавајќи дека некои лекции се научени од ширењето и справувањето со делта сојот.

    Според него, забраните за патување можат само да го одложат навлегувањето на сојот во нови држави.

    „СЗО работи со бројни истражувачки институции на проучувањето на омикрон, но засега не сме добиле информации кои сугерираат дека земјите би требало да го менуваат својот досегашен пристап кон пандемијата. Тоа значи дека маските, социјалното дистанцирање, вакцинирањето и избегнувањето гужви и натаму остануваат важни“, кажа Касаи.

    И додека некои држави ги прекинаа авионските врски со југот на Африка, Израел и Јапонија целосно ги затворија своите граници за странци, а Џо Бајден кажа дека строги рестрикции во САД засега не се планираат.

    Омикрон досега е потврден во 30-ина земји, последно во Индија и Малезија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира