СИТЕ КОИ ЌЕ УМРАТ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ УМРАТ И ПОРАДИ ВАС, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО НАТО ОДБИ ДА ВОВЕДЕ ЗАБРАНА ЗА ЛЕТАЊЕ НАД УКРАИНА

    СИТЕ КОИ ЌЕ УМРАТ ОД ДЕНЕСКА ЌЕ УМРАТ И ПОРАДИ ВАС, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО НАТО ОДБИ ДА ВОВЕДЕ ЗАБРАНА ЗА ЛЕТАЊЕ НАД УКРАИНАНАТО го одби барањето на Зеленски сметајќи дека така ќе дојде до ширење на војната (Фото: АП)

    Володимир Зеленски ги нападна лидерите на НАТО поради нивното одбивање да воведат забрана за летање над Украина, додека руската инвазија влезе во десеттиот ден. Обраќајќи им се од Киев, Зеленски кажа дека нивната неподготвеност да интервенираат ѝ дава зелено светло на Русија да продолжи со бомбардирањата на градови и села.

    НАТО смета дека воведувањето на ваква забрана ќе доведе до конфронтација со Москва и до ширење на војната.

    „Резервираноста на западот укажува на тоа дека не сите ја сметаат борбата за слободата за цел број еден во Европа. Сите луѓе кои ќе умрат од денеска ќе умрат и поради вас. Поради вашата слабост, вашето неединство“, кажа Зеленски.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вчера предупреди дека воведувањето на зона на забрана за летање би можело да води кон целосна војна во Европа, со вклучување на многу земји. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, исто така ја исклучи можноста за воведување ваква зона.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира