СИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО 31 МАЈ ЌЕ ДОБИЈАТ 25 ЕВРА ОД ДРЖАВАТА, ИЗЈАВИ ВУЧИЌ

    СИТЕ ШТО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ДО 31 МАЈ ЌЕ ДОБИЈАТ 25 ЕВРА ОД ДРЖАВАТА, ИЗЈАВИ ВУЧИЌСпоред Вучиќ, владата на овој начин ги наградува оние кои покажале одговорност (Фото: Танјуг)

    Сите граѓани кои веќе се вакцинирале против ковид-19 или ќе примат барем една доза до 31 мај ќе добијат од државата дополнителни 3.000 динари (25 евра), изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Тој вели дека владата ќе донесе ваква одлука за да ги награди луѓето кои покажале одговорност и истовремено да ги поттикне останатите да се вакцинираат. Помош ќе добијат сите над 16 години.

    „Бидејќи не можеме да носиме негативни дискриминирачки одлуки против оние кои не сакаат да се вакцинираат, што сметам дека е многу себично и неодговорно, решивме да им дадеме дополнителна помош на оние кои се вакцинирале. Покрај оние 30 евра што сите ќе ги добијат, односно 50 евра за пензионерите, сите над 16 години кои ќе се вакцинираат до 31 мај со една или две дози ќе добијат уште 3.000 динари од државата“, кажа Вучиќ.

    Тој појасни дека државата има пари зашто има висока стапка на раст, а вакцинирањето е неопходно за да можат да функционираат стопанството и економијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира