ПЕТТИ ВОЕН УДАР ВО ТУРЦИЈА ОД 1960

a:1:{s:9:"td_source";s:31:"Турција(Би-Би-Си)

    ПЕТТИ ВОЕН УДАР ВО ТУРЦИЈА ОД 1960

    – 15 Јули, 2016 – Околу 2.839 војници, меѓу кои и виски офицери, се уапсени по синоќешниот обид за воен удар кој што сега е задушен, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим. Во ноќта што тој ја нарече црна дамка за демократијата во Турција, тој рече дека загинале 161 човек а 1.440 се ранети.

    Турски воен хеликоптер слета во северна Грција, во градот Александрополис, со 8-мина мажи кои побарале политички азил пред да бидат уапсени, изјави полицијата. Турскиот министер за надворешни работи побара Грција да го врати хеликоптерот.

    Експлозии и пукотници се слушаа во Анкара, Истанбул и други градови во текот на ноќта, а илјадници Турци излегоа на улиците за поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган кој повика на бунт против пучистите.

    Не е јасно кој стои зад пучот. Ердоган ја обвини „паралелната структура“, во јасна референца на Фетула Ѓулен, моќен но повлечен муслимански свештеник кој живее во САД, кого тој го обвинува дека поддржува бунт.Сепак, Ѓулен во изјава одби секаква врска со пучот, и рече дека „го осудува со најостри зборови обидот за воен удар во Турција“.

    1997 – Познат и како „постмодерен пуч“, воената интервенција на турската војска доведе до оставка на исламистичкиот премер Неџмедин Ербакан.

    1980 – Воен удар кој следеше по вооружениот конфликт меѓу десничарските и левичарските групи во 1970-те.

    1971 – Воен удар познат како „пуч со меморандум“, што војската го издаде наместо да прати тенкови на улиците.

    1960 – Пуч од група млади воени офицери вон командниот синџир, против демократски избраната власт на Демократската партија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира