СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 ВО ПАРИЗ Е КРАЈНО ТЕНЗИЧНА, БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНУВААТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАСТЕКС

    СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 ВО ПАРИЗ Е КРАЈНО ТЕНЗИЧНА, БОЛНИЦИТЕ СЕ ПРЕПОЛНУВААТ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ КАСТЕКСФранцуските власти не се задоволни од темпото на имунизацијата (Фото: Ројтерс)

    Ситуацијата со коронавирусот во регионот на Париз е крајно тензична и властите се подготвени да воведат нови рестриктивни мерки, изјави премиерот Жан Кастекс.

    И покрај порастот на бројот на нови случаи на зараза, претседателот Емануел Макрон кажа дека ново национално затворање засега не е опција, туку мерките ќе се заоструваат на локално ниво, во најтешко погодените градови, како Ница и Данкирк.

    „Ги повикувам сите, особено оние кои живеат во главниот град, да бидат крајно внимателни, да носат маска и да почитуваат социјална дистанца. Целта е да се намали притисокот врз болничкиот систем“, изјави Кастекс.

    Бројот на пациенти со ковид-19 на интензивна нега надмина 4.000 за првпат од 26 ноември, од кои 1.000 се во регионот на Париз. Здравствените власти кажаа дека болниците во Париз и во околните региони се блиску со преполнетост.

    Француските власти признаа дека не се задоволни со темпото на имунизацијата и досега само 7,2% од населението ја има примено првата доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира