СКОКАЛЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ – НАЈМАЛКУ СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ОБЛАКОДЕР ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА БАНГЛАДЕШ

    СКОКАЛЕ ЗА ДА СЕ СПАСАТ – НАЈМАЛКУ СЕДУМ ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ОБЛАКОДЕР ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА БАНГЛАДЕШПожарите се чести во Бангладеш и минатиот месец загинаа 78 луѓе во историскиот дел на Дака (Фото: Ројтерс)

    Најмалку седум луѓе загинаа во пожарот што зафати 19-катница во комерцијалната област на главниот град на Бангладеш, Дака.

    Се стравува дека десетици луѓе се заглавени во зградата и локалните медиуми објавија дека најмалку шестмина скокнале од прозорците во обид да се спасат.

    Пожарите се чести во Бангладеш и во последната катастрофа, минатиот месец 78 луѓе загинаа во историскиот дел на Дака.

    Пожарникарите неколку часа се бореле со пожарот, а во акцијата на спасување учествувале и воени хеликоптери. Вработени во зградата кажаа дека пожарот избувнал на вториот спрат.

    „Пожарот загуби на интензитет и ситуацијата сега е под контрола. Спасени се повеќе од десет луѓе кои избегале на покривот“, изјави заменик-шефот на цивилната заштита, Дебашиш Бардани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира