СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП ЗА „ГОЛЕМАТА ПОБЕДА“ НА ИЗБОРИТЕ

    СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР ЈАНША МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ТРАМП ЗА „ГОЛЕМАТА ПОБЕДА“ НА ИЗБОРИТЕЈанез Јанша е првиот европски лидер кој испратил честитка до САД (Фото: Ројтерс)

    Словенечкиот премиер Јанез Јанша му честиташе на Доналд Трамп за она што го опиша како очигледна победа на претседателските избори во САД, станувајќи прв европски лидер кој го направил тоа.

    „Доста е очигледно дека американскиот народ им доверил уште еден четиригодишен мандат на Доналд Трамп и Мајк Пенс. Колку повеќе меинстрим медиумите ги одложуваат и негираат фактите, толку ќе биде поголема победата на Трамп. Честитки за одличните резултати низ целата земја“, напиша Јанша на Твитер.

    Словенија е родна земја на првата дама на САД Меланија Трамп.

    Тој се огласи набргу откако Трамп одржа прес-конференција во Белата куќа, на која што прогласи победа на изборите, иако трката е тесна и во некои клулни сојузни држави сѐ уште се бројат гласови. Трамп притоа го повика Врховниот суд да го прекине броењето гласови и ги обвини Демократите дека сакаат да му ја украдат победата. Кампањата на Бајден ова го нарече „невидено, без преседан и неточно“ и најави дека ќе се бори против сите напори на Трамп за Врховниот суд да го прекине броењето на гласовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира