СЛОВЕНЕЧКО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ СЕДУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈА

    СЛОВЕНЕЧКО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ СЕДУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА ВО ИТАЛИЈАПолицијата изјави дека временските услови во регионот биле лоши (Фото: АНСА)

    Седум луѓе загинаа во хеликоптерска несреќа во јужна Италија, меѓу нив и четиричлено семејство од Словенија. Хеликоптерот летал од јадранскиот остров Тремити кон внатрешноста на земјата, кога се урнал 50 километри од градот Фоџа.

    Портпаролката на локалната полиција изјави дека временските услови во регионот биле лоши, но точната причина за несреќата не е позната.

    Италијанските медиуми објавија дека меѓу загинатите се и четворица словенечки туристи, вклучувајќи 13-годишно девојче. Една од жртвите е идентификувана како 54-годишниот Боштјан Риглер, техничкиот директор на водечката словенечка комерцијална телевизија „Про плус СРЛ“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира