Ученик од основно училиште во Марибор имал позитивен тест на коронавирус, што е прв таков случај откако Словенија постепено почна да ги отвора училиштата на 18 мај. Тоа исто така е прв случај на коронавирус во вториот најголем словенечки град од 30 април.
Седумнаесет соучениици на заразениот ученик, кој не бил болен, ниту покажувал симптоми, се ставени во двонеделна домашна самоизолација, додека останатите деца продолжуваат да ја следат наставата. Институтот за јавно здравје на Словенија утврдил дека заразениот ученик немал близок контакт со учениците од останатите класови.
„Детето веројатно се заразило при контакт со некој член на семејството. Досега се потврдени два случаи на зараза во неговото семејство, вклучувајќи го и брат му“, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Марио Фафангел.
Ова следува откако Словенија и официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот.