„СМИРИ СЕ, ГРЕТА!“ – ТРАМП ЈА ИСМЕВА МЛАДАТА АКТИВИСТКА ОТКАКО „ТАЈМ“ ЈА ИЗБРА ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА

    „СМИРИ СЕ, ГРЕТА!“ – ТРАМП ЈА ИСМЕВА МЛАДАТА АКТИВИСТКА ОТКАКО „ТАЈМ“ ЈА ИЗБРА ЗА ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТАТунберг му порача на Трамп дека работи на својот проблем со контрола на гневот

    Доналд Трамп лошо ја поднесе веста дека магазинот „Тајм“ ја прогласил Грета Тунберг за Личност на годината, па ја исмеваше на Твитер.

    „Тоа е смешно. Грета мора да поработи на својот проблем со контрола на гневот и потоа да оди да погледне некој филм во кино со пријател. Смири се, Грета, смири се!“, напиша Трамп на Твитер.

    Американскиот претседател ја понесе оваа титула во 2016 година, кога шокантно победи на изборите и сега повторно беше меѓу финалистите.

    Набргу потоа, Тунберг ја смени својата биографија на Твитер, опишувајќи се како „тинејџерка која работи на својот проблем на контрола на гневот“.

    Шведската активистка против климатски промени со свои 16 години е најмладата Личност на годината во 92-годишната историја на изборот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира