СНЕГ ЈА ИЗНЕНАДИ СЛОВЕНИЈА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТОТО

    СНЕГ ЈА ИЗНЕНАДИ СЛОВЕНИЈА НА ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТОТОВрвот Кредарица, што се наоѓа на Јулиските Алпи, утрово бил под снежна покривка од пет сантиметри (Фото: ТВ Словенија)

    Иако пред неколку дена почна летото, Кредарица, врвот на Јулиските Алпи каде што на надморска височина од 2.515 метри се наоѓа највисокиот планинарски дом во Словенија, денеска осамна прекриен со снег.

    Локалните медиуми јавуваат дека во текот на изминатата ноќ таму се создала снежна покривка од околу пет сантиметри, но до утрото се очекува стабилизирање на времето, а најниските температури да бидат меѓу осум и 13 Целзиусови степени.

    Иако деновиве Словенија ја погоди доста студено време за овој период од годината, снегот не е нешто што се очекуваше, објави државната телевизија. Снегот изненадил и неколку планинари, главно, странци, кои биле принудени да останат во домот. Метеоролозите велат дека немало снежни врнежи во низините и до крајот на неделата се очекува значително покачување на температурите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира